Утрински Весник
Македонија

Левица: Власта да не го игнорира предлогот на ССМ за покачување на минималната плата, во спротивно Левица ќе поднесе законско решение

Levica.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:

ДПМНЕ наместо да глуми опозиција и да се пасивизира во корист на бизнисот, редно време е да ја изврши својата владина обврска во трипартитниот дијалог помеѓу работниците и работодавачите и веднаш да го прифати предлогот на ССМ за минимална плата од 500 евра! Ова не е популизам, туку неопходен чекор што реално ја одразува економската состојба и енормниот раст на животните трошоци.


Повеќе од јасно е дека ветувања кон граѓаните за подобар животен стандард и повисоки примања беа само изборна лага за освојување на власта, Денес, гледаме неспособност и негрижа кои резултираат со раст на инфлацијата, енормни поскапувања и зголемена сиромаштија. Минималната плата денес не е доволна ни за покривање на основните потреби, а владината коалиција ДПМНЕ-ЗНАМ-ВРЕДИ очајно се обидува да го прикрие овој пораз.

Благодарение на Владата, граѓаните наместо достоинствен  живот, добија зголемени сметки за струја, поскапена храна и нејзино јавно наклонување кон капиталот.

Синдикалната кошничка ни покажува дека трошоците за месец јануари 2025 година, споредбено со истиот месец во 2024 година, се зголемени за 6.089 денари или 10,65%, од кои само храната е поскапена за 2.191 денар или 10,43%. Оттука, законското зголемување на минималната плата за околу 1.800 денари не е доволно ни да го покрие ова покачување, а не пак да го подобри стандардот на граѓаните.

Додека цените растат, а Мицкоски советуван од скапите владини советници се занимава со забрани за граѓаните да јадат цреши и грашок од конзерва, Левица ги повикува да се соочат со реалноста и да го вратат достоинството на работникот. Прифаќањето на предлогот на ССМ е минимумот што треба да го направи оваа власт и истиот е повеќе од релевантен и вистински ја одразува состојбата со порастот на цените. Редно е власта да се оддели од спрегите на бизнисот и да сработи нешто за своите граѓани на кои им ветуваше подобар живот.

Левица го поддржува предлогот на ССМ. Зголемена минимална плата е неопходна за намалување на сиромаштијата и социјалните разлики. Доколку власта не покаже слух за својот народ, Левица како единствена партија која вистински се залага за работниците – ќе предложи законско решение во Собранието.

Можете да прочитате

Дали се „исплати“ да се вози без возачка? Еве што вели законот

Почина Воислав Гавровски, поранешен јавен обвинител во републичкото Јавно обвинителство

Мицкоски по средбата со Орбан: Македонските граѓани платија огромна цена за да бидат дел од европското семејство