Утрински Весник
Македонија

Тоа што затекнале е страшно: Се огласи внукот на Зоки Фаци по немилиот настан

Fb Img 1741013597071.jpg
Dik 300x250 mk

Денес јавноста беше згрозена од информацијата дека засега неидентификувани лица го отвориле гробот на покојниот водител Зоран Василевски – Фаци.

По немилиот настан се огласи и внукот на Зоки Фаци. Дарко видно потресен го коментира монструозниот чин. Викендов со семејството биле на гробишта и немало ништо. Пред неколку часа кога им се јавиле луѓе од Катланово дека гробот е откопан се шокирале.


„Искршена од страните е плочата, искршени се вазните. Копале во гробот, го отвориле ковчегот и дури му се гледа главата на Зоки. Во ковчегот имаше несесер, кој го отвориле. А што може да има во несесерот, освен работите што се ставаат од адетите. Најверојатно барале злато! Ама кој става злато во гроб, само часовникот му го ставиме, кој не е ни златен. До тоа ли им дојде? И починат не го оставаат на мир. Не ми е јасно зошто го прават ова“, вели Дарко за порталот „ММС“.

Предмалку и МВР официјално го потврди настанот и ја информираше јавноста дека се трага по откопувачите.

„Во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на православните гробишта во с.Катланово бил ископан гробот на починатото лице З.В.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош