Утрински Весник
Македонија

Вработените во државните универзитети имаат зголемување на платите за 14%, вели Јаневска

Janevska.webp.webp

Министерката за образование, Весна Јаневска на научната конференција „Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење“ , организирана по повод петтата годишнина од основањето на Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје рече дека платите на вработените на државните универзитети имаат зголемување на платите за 14 отсто.

„Градиме партнерски однос со синдикатите. Преку конструктивен социјален дијалог, успеавме да ги зголемиме платите во високото образование. Од јануари годинава, поголемиот дел од вработените на државните универзитети имаат зголемување на бруто платите, без минатиот труд, во просек за околу 14 %. За помал дел од вработените зголемувањето е во просек за околу 8 %“, посочи Јаневска.


Годинава буџетот на УКИМ е зголемен за 1,5 милијарда денари. Од ланските 2,2 милијарди денари, оваа година достигна 3,7 милијарди денари.

„Сѐ ова покажува дека Владата и Министерството за образование и наука се решени да направат реален исчекор во квалитетот на образованието, вклучително и на високото образование. Затоа ги зголемивме вложувањата, но секогаш јасно кажувам дека и нашите очекувања од академската фела се големи“, укажа Јаневска.

Можете да прочитате

ВМР-ДПМНЕ: ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана

Во последните три месеци од 2025 изградени над 1.000 нови станови

Утрово магла на неколку патни правци