Утрински Весник
Македонија

Ѓорѓиевски: Докторите од примарното здравство се главни виновници за Мој термин, но тоа не зависи од нас и сме преоптоварени

Zrak19.jpg

Во најновата епизода на поткаст ЗРАК со д-р Марина, гостин беше специјалист доктор Драган Ѓорѓиевски доктор по семејна медицина. Тие заедно поразговараа за повеќе важни теми и предрасуди кон овој тип на доктори, како и за предизвиците со кои се соочуваат тие во здравствениот систем.

Доктор Ѓорѓиевски објасни која е разликата помеѓу доктор по општа медицина и доктор по семејна медицина за кои кај нас не се прави разлика. Имено докторот по општа медицина нема специјализација и неговите знаења за специфични болести се ограничени, за разлика од докторот по семејна медицина кој има пошироки знаења и секаде во светот може да дијагностицира широк спектар на болести наместо пациентите да бидат препраќани на различни специјалисти од секундарното здравство и воедно бидејќи е семеен доктор тој се грижи за сите членови на семејството од најмлад до најстар, па многу повеќе ја знае и семејната историја на болести и побрзо дијагностицора одредена болест.


За жал кај нас ситуацијата не е таква иако, на хартија е признаена нивната функција, сепак во реалноста тие системски и финансиски се изедначени со докторите по општа медицина и пациентите најчесто доаѓаат кај нив само за да побараат упат за некој друг специјалист, што создава притисок подоцна и на докторите во секундарното и терциерното здравство. Тие зависат од бројот на пациенти, а не се вреднува времето кое тие го вложуваат во специјализација и поголемиот труд кој го вложуваат во дијагностицирање на пациентите.

Меѓу другото се отвори и темата за закажувањето на специјалистички упати и снимања од страна на докторите по семејна медицина, односно проблемот со немање на доволен број слободни термини и чекање дури и по неколку месеци.

“И за државава, и за пациентите, секогаш главни виновници сме ние, но граѓаните не знаат колку сме ние всушност преоптоварени”, вели докторот додавајќи дека тие за да се обидат да го ублажат проблемот, пронашле начин да ги ставаат пациентите на листа на чекање, па системот Мој термин самиот да закаже веднаш при ослободување на први нови термини. Сепак вели и тука се соочуваат со блокади и проблеми во последно време, а пациентите повторно ги обвинуваат докторите.

Она за што тие жалат и најмногу се обидуваат да изнајдат решение е за приоритетно закажување за пациенти кај кои тие веќе дијагностицирале одредена сериозна болест и кои немаат време од три месеци за да чекаат термин, па затоа бараат да се остават еден вид на “црвени термини”, специјално за ваквиот тип на пациенти.

Целиот поткаст слушнете го во продолжение:

Можете да прочитате

Уапсени старешина и полициски инспектор во Куманово?!

По навредите кон Петровска конечно се огласи и претседателката Давкова: Не е лошо некогаш човек и да се извини

Металната порта во Старата скопска чаршија е дивоградба – не може да се легализира, мора да се урне