Утрински Весник
Свет

Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна

Papa 1.jpg

Здравствената состојба на папата Франциск, кој две недели е во болница поради пневмонија и бронхитис, останува стабилна, соопшти вечерва Ватикан во новиот здравствен извештај.

„Клиничката слика на Светиот Отец останува стабилна“, се вели во новиот дневен здравствен извештај за 88-годишниот папа, кој вчера имаше респираторна криза.


Како што се наведува, тој е наизменично на механичка неинвазивна вентилација (кислородна маска) и на долги периоди на терапија со висок проток на кислород.

Папата Франциск вчера имаше бронхијален спазам, поради што беше потребна неинвазивна механичка вентилација, а во утринскиот извештај се посочува дека имал мирна ноќ и се одмора.

Се очекува дека на неговите лекари ќе им бидат потребни 24 до 48 часа за да проценат како вчерашната епизода ќе влијае на неговата општа состојба.

Можете да прочитате

Папата Франциск вратен на механичка вентилација поради респираторна инсуфициенција

Најмалку 34 лица се повредени во автобуска несреќа во Барселона

Железничката станица во Виена е евакуирана поради закана за бомба