Утрински Весник
Македонија

КСОМ реагира на високите сметки за електрична енергија

Smetki Struja.jpg

Од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) денеска на прес конференција апелираа до Владата и до Министерството за енергетика да преземат мерки за високите сметки што граѓаните ги добиваат за електрична енергија од страна на ЕВН.

Претседателот на КСОМ, Марјан Ристески рече дека до нив секојдневно пристигнат поплаки од граѓани кои се жалат на високи сметки и ненавремено читање на саатите од страна на службени лица на ЕВН.


– Грабежот на ЕВН треба да престане. Размислуваме што да преземеме – дали ќе организираме протести, дали ќе почнеме да собираме потписи за одземање лиценца, ќе видиме. Сметка отпечатена на еден датум, а корисникот ја добива на крај на месецот и мора да плаќа камати. Одговорот на ЕВН е дека вината е во поштарот, а не кај нив, рече Ристески.

Во однос на барањето на синдикати за згоемување на минималната плата која во март треба да се усогласи, Ристески рече дека мора да се зголемат платите затоа што во спротивно квалитетните работници ќе избегаат од државата.

– Факт е дека сме оставени да разговараме со работодавачите за зголемување на минималецот. Работодавачите немаат намера да попуштат. Пари имаат, а не сакаат да даваат. Мора да ги дадат бидејќи квалитетните работници ќе си заминат од државата. Владата може да биде приморана да ја зголеми минималната плата, доколку не се договориме со работодавачите. Нема закажано седница на Социо-економскиот совет засега, рече Ристески.

Можете да прочитате

Мицкоски: Не сум задоволен од испораката на правдата на судството и обвинителството, тоа е слабата страна на нашето општество

Над 216 македонци имаат бугарски пасош

Томас Вајц за БГНЕС: Не знам дали Северна Македонија навистина сака да биде членка на ЕУ, јас сум пријател на Бугарија