Утрински Весник
Македонија

Пазарниот инспекторат констатираше неправилности, најнедисциплинираните маркети може да бидат затворени

20241129132000 Big 730x400 4.webp.webp

Тимовите на Пазарниот инспекторат констатираа повеќе неправилности при контролите во маркетите кај трговците на мало, а може да има и казни со затворање маркети, изјави денеска во Прилеп заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

– На теренот се 50-тина тимови на Пазарниот инспекторат. Се контролираат маркети, аптеки, тобако-трафики, секаде каде се продава на мало. Констатирани се повеќе неправилности. Има неправилности во однос на означување на намалените производи, при утврдувањето на маржите, на цените, во сметководствената евиденција… Наредната недела ќе има изрекување казни за најнедисциплинираните, а не е исклучено некои маркети да бидат и затворени, што е една од најновите мерки во Законот за трговија – истакна Ристески.


Идната недела, Инспекторатот ќе ги контролира сите дистрибутери и поголемите увозници во земјава. Комисијата за заштита на конкуренцијата работи на прибирање докази за најавата на таканаречено „картелско здружување“.

– Комисијата за заштита на конкуренцијата стручно си ја извршува работата и доколку утврдат такво здружување, ќе има казни предвидени со Законот за заштита на потрошувачите – рече Ристески.

Ристески очекува владините мерки да дадат резултати.

– Мерките и одлуките се донесени за да го заштитиме животниот стандард на граѓаните. Со мерките се опфатени 102 групи производи или околу1 200 производи. Трговците мора да се научат да бидат дисциплинирани, да ги почитуваат мерките наменети се граѓаните. Како Министерство за економија и труд и како државна Пазарна инспекција онаму каде ќе откриеме недоследности на одлуките со кои се повредени правата на граѓаните, ќе бидат ригорозно казнети – нагласи Ристески

Можете да прочитате

Фетаи: АА на Таравари останува во владата, работата продолжува нормално

Општина Велес од буџетот ќе издвои 500 илјади денари за настраданите во пожарот во Кочани

Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор