Утрински Весник
Скопје

Општина Сопиште бара итно решавање на проблемот со нередовниот јавен превоз

Jsp Skopje 1024x683 1.jpg

Од Општина Сопиште денеска до медиумите испратија допис во кој информираат за нередовен јавен превоз во општината. Бараат од Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) да обезбеди контиуниран и навреме јавен превоз особено на линијата 58.

– Веќе неколку месеци, залудно го известуваме ЈСП Скопје за сериозните проблеми со оваа линија, а недостапен за директна комуникација е и


директорот на претпријатието. Подолг период, јавниот превоз на линија 58 не се одвива по утврдениот возен ред, а речиси секојдневно дел од утврдените поаѓања воопшто и не се реализираат, што ги остава жителите на општина Сопиште без соодветна и навремена врска со градското подрачје. Граѓаните не можат да го планираат патувањето за до работа, училиште, на лекар и слично. Оваа ситуација сериозно го нарушува секојдневието на жителите, кои оправдано реагираат и упатуваат жалби до нас. И покрај нашите постојани апели и напори за средување на состојбата, игнорантското однесување од страна на ЈСП продолжува. За жал, не се преземаат конкретни чекори за подобрување на услугата, а ситуацијата дури продолжува да се влошува, наведуваат од Општината.

Оттаму додаваат дека навремено и во целост ги имаат подмирено финансиските обврски кон претпријатието. Апелираат до ЈСП и до Град Скопје како основач на ЈСП, да преземат итни мерки за наднимување на проблемот.

– Се надеваме дека во најкраток рок ќе бидат преземени мерки кои ќе го подобрат јавниот превоз и ќе го решат овој секојдневен проблем на нашитежители, велат од Општината

Можете да прочитате

Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево

Општина Карпош провери 50 градби и изрече 26 казни

Жителите на Волково бараат итно санирање на раскопаната улица: Доста е од молк – време е за итна акција!