Утрински Весник
Македонија

Tрибина „Гимназиското образование – Предизвици и перспективи“

20250224153116 Big 730x400 41.webp.webp

Во организација на Прогрес Институтот за социјална демократија, денеска во Скопје ќе се одржи јавна трибина насловена „Гимназиското образование – Предизвици и перспективи“ .

На трибината, како што соопштија организаторите, ќе се анализира предложената нова концепција за гимназиско образование, ќе се отворат клучни прашања за квалитетот на образованието во земјава, a ќе се понудат и предлози за унапредување на постојната концепција, врз основа на успешни примери.


Панелисти на трибината ќе бидат проф. д-р Зоран Матевски од Институтот за социологија при Филозофскиот факултет – Скопје, гимназискиот професор и доктор по филозофски науки, Трајче Серафимовски и дипломираниот професор по филозофија и пратеничка во македонското Собрание, Даниела Николова.

Трибината, како што велат од  Прогрес Институтот за социјална демократија, ќе обезбеди експертска дебата без политизирање, со цел критички да се анализира предложената реформа и да се дадат алтернативни решенија.

Можете да прочитате

Савески од Сараево: Организираниот криминал не познава граници, мора да одговориме заеднички

Тошковски: Жртвата мора да биде во центарот на секоја полициска интервенција

Светот се бори за бакар, Македонија има рудник што може да го крене БДП