Утрински Весник
Македонија

ВЛАДА: Инвестиција од 12 милиони евра за реконструкција на ГОБ 8 Септември во Скопје и 2,7 милиони евра за аеродромот во Охрид

Vlada.jpg

Вкупно 14,7 милиони евра инвестиции од кои 12 милиони за реконструкција на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември” и 2,7 милиони за реновирање на охридскиот аеродром “Св. Апостол Павле”, најави Владата.

Како што беше речено денеска на прес конференција, болницата во октомври се очекува да биде целосно реконструирана. Со планираните активности е предвидено да биде опфатен оперативниот блок од седум хируршки сали, две за абдоминална хирургија, две за уролошки интервенции, една сала за уво, нос и грло, една за очна хирургија и една за роботска хирургија. Сите сали ќе имаат најнова опрема, хируршки маси у машини за анестезија, медицински компјутери, дефибрилатори и друг инвентар.


Охридскиот аеродром ќе добие нова административна зграда од 250 метри квадратни, а реновирани ќе бидат и останатите сегменти.

Инвестициите ги најавија премиерот Христијан Мицкоски и министрите за транспорт и за здравство, Александар Николовски и Арбен Таравари.

Можете да прочитате

Охриѓанец пијан возел тротинет, паднал и тешко се повредил

Активни девет пожари на отворен простор, четири ставени под контрола

Пукање на влезот на Арачиново, 48-годишен маж заврши во болница