Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ призна дека Груби крадел, а тие не смееле да реагираат, па затоа сега измислуваат кованици за Изет Меџити

Vmro 1.jpeg

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Добро е што Мартин Костовски јавно призна дека Артан Груби е криминалец и правел криминал додека бил министер во владата на СДС, а тие за тоа не преземале ништо.


Фрапирани сме е премал збор за да ја опише нашата реакција на лицемерието и безобразлукот на СДС.

Мартин Костовски треба да ги праша Филипче, Ковачевски и Спасовски зошто кога очигледно знаеле дека Груби правел криминал не отвориле постапка преку МВР и не побарала негова смена?

Или премногу слатка била власта, па од страв да не паднат, и да можат да поткрадат уште некое време затворале очи пред криминалот на Груби.

Што се однесува на нивниот памфлет за Изет Меџити, тоа е кованица на лаги и невистини, како да го одвлечат вниманието, за нивното толерирање на Груби.

Мартин, засрами се. Артан Груби ве влечеше за уши на Бихаќка и молчевте. Требаше ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт, да отвори постапка, па да се охрабрите да кажете дека сте биле злоставувани. Но очигледно ви се допаѓала таа состојба, затоа што само така можевте да крадете.

Можете да прочитате

На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час

Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот кој што некој од политичарите во Брисел сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет

Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на партиската трибина на СДСМ