Утрински Весник
Свет

Фрлени молотови коктели кај рускиот конзулат во Франција, се огласи Захарова

Francuska Policija.jpg

Рускиот конзулат во Марсеј, Франција, рано утринава бил нападнат со молотов коктел, а нема информации за жртви, јавува Anadolu.

Инцидентот се случил околу осум часот по локално време на авенијата Амброаз-Паре, улица на која се наоѓаат бројни странски конзулати, објави BFMTV.


Два молотови коктели биле фрлени во дворот на конзулатот, но за среќа не е забележана штета или повредени, јавуваат медиумите повикувајќи се на полициски извори.

Во тек е истрага за мотивите за нападот.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова потврди дека имало експлозија кај рускиот конзулат во Марсеј, опишувајќи ја како потенцијален терористички напад.

Москва ја повикува Франција темелно да го истражи инцидентот и да ја зголеми безбедноста во руските дипломатски претставништва, рече таа.

Можете да прочитате

СпејсХ го одложи пробниот лет на Старшип поради технички проблеми

Во Еквадор запленет експлозивен материјал наменет за терористички акти во Колумбија

Војниците на Националната гарда на улиците на Вашингтон ќе почнат да носат оружје