Утрински Весник
Свет

Сијарто: Унгарија ќе направи се’ Брисел да не го попречи руско-американскиот договор за Украина

Sijarto 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Унгарија ќе направи се за да се осигура дека Брисел и „провоените“ европски претставници не го спречат руско-американскиот договор за постигнување примирје во Украина, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто.

Сијарто посочи дека Унгарија, денеска, на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, нема да се согласи на нови испораки на оружје за Украина во вредност од неколку десетици милијарди евра, ниту на продолжување на санкциите против руски поединци.


-Три години им пркосевме на притисоците, три години не дозволувавме да не туркаат во нивната воена политика, сега ќе издржиме!“, порача Сијарто во објава на Фејсбук.

Денеска се одбележува третата годишнина од почетокот на војната во Украина, а се очекува наскоро да продолжат руско-американските преговори за завршување на војната, во кои не се вклучени Украина и ЕУ.

Во Киев денеска се одржува самит посветен на одбележувањето на третата годишнина од почетокот на војната во Украина, а на самитот ќе учествуваат вкупно 37 државни лидери, што претседателот Зеленски го нарече „пресвртница“, од кои 13 ќе присуствуваат лично, а 24 преку видео врска, соопшти Униан.

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин