Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски ги потврди списоците за вработување на Меџити, ДКСК итно да реагира

Sdsm 1.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека секој можел да прави списоци за вработување е јасна потврда дека списоци за робусно вдомување на 3.000 партиски војници постојат. 


Се потврдуваат намерите со скандалозната најава на Меџити за историски најголема партизацијата на јавната администрација.

Очигледно има веќе подготвени списоци со имиња на „подобните” партиски кадри, кои треба да се вдомат во јавниот сектор.  Прашањето е смее ли Мицкоски да побара одговорност од Меџити? Или дилот им е заеднички,  пред локалните избори да има робусно полнење на администрацијата со партиски послушници?

Овој огромен, робусен скандал со најголема партизација на институциите мора да биде целосно расчистен.

ДКСК мора веднаш да отвори предмет по оваа изјава на Меџити. Сите моментални вработувања во администрацијата да бидат стопирани и да се обезбеди целосна истрага за овој скандал.

Можете да прочитате

Николоски: За прв пат во Воената болницата ќе се воведе и роботска хирургија

Мицкоски: Со контактите кои ги имаме од најблискиот периметар на Трамп можеме само да добиеме, но не и да изгубиме

ВЛАДА: Инвестиција од 12 милиони евра за реконструкција на ГОБ 8 Септември во Скопје и 2,7 милиони евра за аеродромот во Охрид