Утрински Весник
Македонија

УК за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор

Onkologija.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Акцелераторот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, набавен пред осум години сега веќе е монтиран и во употреба на располагање за пациентите, информираат од Клиниката.

Оттаму додаваат дека низа подготвителни активности претходеле на ставањето во функција на овој акцелератор, вклучително и комплетна реконструкција на бункерот. Набавена била нова дополнителна опрема, стабилизатори на напон, купена нова имобилизациска опрема, а направено било и комисионирање на апаратот. Купен е мебел, инсталирани се системи за мониторирање на пациенти, завршено се сите фазите на инсталација на системот, мерења, калибрација и пуштање во употреба.


-Со инсталација на овој акцелератор, на располагање оваа клиника ќе има 4 линеарни акцелератори кои ќе бидат наменети за потребите на онколошките пациенти. Исто така, со овој апарат согласно планот планирано е воведување нова метода, SRS радиотерапијата со што ќе се покрие и овој сегментот од радиотерапискиот третман, се вели во соопштението од Клиниката за радиотерапија и онкологија. 

Ова е метода за која пациентите се упатуваат во странство, а по воведување на методата за пациентите таа ќе биде достапна на Клиниката.

Од оваа Клиника нагласуваат дека во моментот сите пациенти добиваат квалитетна радиотерапија согласно на стандардите на европските земји.

Со оваа ставање на функција на оваа опрема, додаваат, значително се зајакнува капацитетот на УК за радиотерапија и онкологија и се намалуваат листите на чекање за радиотерапија. 

Можете да прочитате

Отворена патеката „Македонија“ во Михајлово

Митева: Се уште нема информации за македонскиот државјанин кој исчезна по несреќата во Кран Монтана

Мицкоски: Линеарното зголемување ќе донесе плус 7.000 денари на пензиите до април 2026