Утрински Весник
Македонија

Ниските утрински температури не причинуваат никакви штети во земјоделството

Niva.webp.webp

Стабилното и студено време со ниски утрински температури и слаб до умерен ветер не причинува никакви штети во земјоделството, велат агрометеоролозите.

Според нив, температурите се во границите на издржливост на културите и се вообичаени за овој период од годината, во услови на презимување.


Агрометеоролозите порачуваат во локалитети и кај сорти каде постојат услови за измрзнување поради ниски зимски температури и ризик од доцни пролетни мразеви, резидбата да се изврши во периодот на крајот на февруари и почетокот на март. Доколку, пак, почвените услови дозволуваат, земјоделските производители треба да продолжат со грижа за посевите, подготовка на почвата за рано пролетно садење на некои градинарски култури, со внесување на потребните ѓубрива, како и со примена на сите потребни земјоделски активности и агротехнички мерки.

-Иако со резидбата се создаваат одредени рани на лозата, ова е неопходна ампелотехничка мерка со која се регулира порастот и родноста. Следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, а наместа ќе се спуштат и под -10 степени. Преку денот ќе преовладува претежно сончево време, а мало зголемување на облачноста ќе има за време на викендот. Минималната температура ќе се движи во интервал од -13°C до 1°C а, максималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 12 степени, велат агрометеоролозите од УХМР.

Можете да прочитате

Семејствата на жртвите од „Пулс“ против концертот за Петровден – Крстевски откажа, но беше исвиркан

МВР брани насилници, ете зошто жените тука завршуваат мртви, рече Арсовска

Петровска: Вчера пратеничка денес градоначалничка кој е следен ?