Утрински Весник
Македонија

Пратениците на Левица на средба со рускиот амбасадор во македонското Собрание

480700857 1206264114189984 4101594481932439049 N.jpg

Интегрален текст од соопштение за јавност на Левица:

Вчера, 20 февруари 2025 година, со почеток во 14:30 часот, во репрезентативната „Струшка сала” на Собранието на Република Македонија, пратениците на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев и м-р Реџеп Исмаил – Хактан, остварија средба со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Сергеј Баздникин.


На средбата се разговараше за неопходноста од повторно воспоставување нормални односи помеѓу Република Македонија и Руската Федерација, кои во изминатиот период
беа сведени на минимум, како резултат на несуверената надворешна политика на македонските власти, водена од туѓи интереси и надворешни влијанија што доаѓаат од колективниот Запад. Пратениците на Левица потенцираа дека Република Македонија треба да води суверена и независна надворешна политика, ослободена од диктатите на ЕУ и НАТО.

Истакната беше потребата од укинување на сите политички наметнати ограничувања што го попречуваат економскиот, енергетскиот и културниот развој на Македонија, преку
стратешка билатерална соработка со Руската Федерација. Односите меѓу двата братски народа не смеат да бидат заложници на геополитичките игри на западните центри на моќ,
туку истите треба да се развиваат врз основа на заеднички интереси, историски врски и заемно почитување.

Во рамки на средбата беше споменат и претстојниот важен Ден на победата – 9 Мај, како симбол на заедничката борба на македонскиот и рускиот народ против фашизмот. Пратениците на Левица нагласија дека овој значаен историски настан, по повод големиот јубилеј „80 години од победата над фашизмот”, е потсетник за потребата од спротивставување на современите облици на неофашизам и неонацизам и нивните деривати, како и реагирање на секој обид за бришење и ревизија на историската вистина во интерес на туѓи агенди.

Средбата помина во срдечна и пријателска атмосфера, со заедничка заложба за надминување на сегашните пречки и повторно воспоставување на пријателски односи
меѓу Македонија и Русија.

Можете да прочитате

УК за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор

Охридски локал служел алкохолни пијалоци на 16 малолетници

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на пуленот на ДУИ немаат крај