Утрински Весник
Македонија

Вчера казнети скоро 800 возачи низ државата

Policija Stopira Janevska I.jpg

Вчера (17.02.), во рамки на активностите на полициските службеници за 796 учесници во сообраќајот беа издадени платни налози, а од друга страна наплатени беа 500 платни налози. Дури 338 од овие прекршоци вчера се однесуваа на неправилното паркирање, а во 145 случаи стануваше збор за непочитување на пропишаната брзина на движење.

Од друга страна пак по однос на прекршоците по основ на неносење сигурносен појас и и говорење на мобиен телефон при возење, евидентирани беа 50, односно 31 прекршок.


Полициските службеници детектираа 58 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, во осум случаи откриени се алкохолизирани возачи, во четири случаи возачи минале на црвено светло, а во сообраќајот учествувале и 15 нерегистрирани возила.

Можете да прочитате

Поригорозни законски правила за управување електричен тротинет и мотор, најави Тошковски

Бројот на новороденчиња е намален за 30 проценти за една деценија

Тошковски: МВР ќе постапи во согласност со надлежностите за случајот со бараните македонски државјани од ФБИ