Утрински Весник
Македонија

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Skijanje Sneg.jpg

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што биле измерени -10 степени, -6 било во Маврови Анови, -5 во Крушево, -4 во Крива Паланка, -3 во Берово и Виница, -2 во Тетово, Прилеп и Штип, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Битола и Велес, 0 во Скопје-Петровец, Охрид, Кавадарци, Демир Капија и Струмица, 1 во Претор, 3 во Гевгелија.

Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 32 сантимерти на Попова Шапка, 8 во Маврови Анови, 3 во Скопје-Петровец, 2 во Виница, 1 во Крива Паланка.


Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе има локална појава на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени.

Во Скопје променливо облачно, преку денот со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Можете да прочитате

Мицкоски од Вашингтон: Македонија е верен сојузник на САД, направивме многу отстапки, Европа треба да биде принципиелна

СДСМ: ВЛЕН и ДПМНЕ државата ја третираат како партиски пашалак

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да излезе и да каже дали СДСМ смени курс и стана антиамериканска?