Утрински Весник
Свет

Се урна зграда во Каиро, 10 мртви

Policija Egipet.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Десет лица загинаа, а осум се повредени денеска кога се урна зграда во главниот град на Египет, јавија државните медиуми.

На местото на настанот во работничката населба Кердаса во Гиза биле испратени возила на брза помош.


Таму тимовите за цивилна заштита трагаат по исчезнатите под урнатините, пишува весникот „Ал-Ахбар ал-Јум“.

Очевидци за весникот изјавија дека колапсот бил предизвикан од „експлозија на плинска боца“ и дека истрагата на полицијата е во тек.

Градежните прописи нерамномерно се применуваат и се спроведуваат во Каиро, каде живеат повеќе од 26 милиони жители.

Во изминатите години, египетската метропола беше сведок на неколку фатални уривања на згради, во некои случаи поради дотраената состојба на некои од нив, а во други поради непочитување на градежните прописи.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп