Утрински Весник
Свет

Орбан: Европа е на надолна патека, иднината е во другите региони

Orban.webp.webp

Европа е на надолна патека, а доказ за тоа е фактот што некогаш беше најголема економија во светот, а сега е трета, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан истакна дека иднината не е во Европа, туку во регионите кои брзо се развиваат, вклучувајќи ги Блискиот Исток, Централна Азија и Кина, пренесува МТИ.


Коментирајќи ја руско-украинската војна, Орбан рече дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да потпише мировен договор во догледна иднина и додаде дека Трамп презел одлучувачки чекор и воспоставил контакти со рускиот претседател, а во моментов се договара сериозна средба.

Можете да прочитате

Иран нема да отстапи под притисок во нуклеарните преговори со САД

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија

Затруени повеќе од 100 бебиња во Европа од токсин во адаптирано млеко