Утрински Весник
Свет

Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна

Papa Francisk 1.jpg

Здравствената состојба на папата Франциск (88), кој пред два дена беше примен во римската болница „Агостино Гемели“ поради бронхитис, е стабилна, соопшти денеска Ватикан.

„Клиничката состојба на папата е стабилна и продолжува терапевтскиот дијагностички процес пропишан од медицинскиот персонал. Утрово тој ја следеше светата миса на телевизија“, се вели во соопштението на Ватикан.


Папата беше примен во римската болница Гемели во петокот откако се влоши нападот на бронхитис.

Можете да прочитате

Голем шумски пожар во Андалузија уништи над 3.600 хектари, во гаснењето вклучена и војската

Визни забрани и безбедносни инциденти фрлија сенка врз Светското првенство 2026: ФИФА под критики поради молкот

Иран ги нападна Јордан, Кувајт и Бахреин