Утрински Весник
Македонија

ВЛАЖЕН И ЛАДЕН БРАН ОД СЕВЕР СЕ СПУШТА КОН МАКЕДОНИЈА: Утре (17 февруари понеделник) врнежи од дожд и од снег!

Snow01 032 Crop.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на ладен и влажен воздушен бран од север, утре (17 февруари понеделник) времето во Македонија ќе биде облачно со повремени послаби врнежи од дожд во градовите, додека на повисоките населени места, планините и секако на Скијачките центри врнежите ќе бидат од снег и снежната покривка ќе се зголеми и ќе се прошири. Сето ова ќе биде проследено со северен ветер, кој особено во Повардарието ќе засилува на интензитет.


Повремено провејување на снег ќе има и во делови од градовите, особено во северозападните  и во северните предели од нашата Република Македонија.

Во Скопје  и околината со овој ладен и влажен бран од север ќе има повремен дожд, а на околните планини, подоцна  и во повисоките предели од котлината ќе има повремен снег. Повремено ќе засилува ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие утре ќе бидат значително пониски и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени, додека во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Можете да прочитате

Меџити ветува илјадници вработувања, Минчев го обвинува за популизам

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

Спасовски: Македонскиот јазик е европски и светски признат