Утрински Весник
Македонија

Водовод со акција за отплата на долгови без пресметка на камата заклучно до 2 април 2025 година

Vodovod Zgrada 93273287.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек. Оттаму соопштуваат дека акцијата за отплата на долговите на рати без камата е со определено времетраење и започнува од 17.02.2025 година, а завршува заклучно со 02.04.2025 година.

-Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата, стои во соопштението.


Од претпријатието додаваат дека одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од државата или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.

По истекот на овој период одлуката престанува да важи. За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје ги повикуваат граѓаните да контактираат на 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; kontakt@vodovod-skopje.com.mk; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

Можете да прочитате

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија

Хаос во кафуле во Гостивар: Тепачка, пукање и паника меѓу гостите