Утрински Весник
Македонија

Николоски: Наскоро ќе биде пуштена делницата Дреново – Фариш

Nikoloski 1.jpg

-Интензивно се работи на делницата Дреново-Фариш на заштита на косини, на заштита на одредени безбедносни проблеми кои ги имаше и за многу скоро ќе можеме да видиме отворање, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски додаде дека минантата година, вкупно милион и сто илјади евра преку Министерството за транспорт беа префрлени на наменска сметка на општина Кавадарци и се реализираат веќе 5 проекти и сме во напредна фаза.


-За оваа година повикот беше отворен и очекувам во следниот период да дојдат апликациите, а она што можам да го најавам е дека на следната седница на Владата очекувам околу милион евра да поминат за донација, за водоводни мрежи кои треба да бидат извадени во село Строгово и село Сопот кои исто така ќе помогнат за подобрување за животот на граѓаните. Уште една работа ни е во тек, во месец јануари бевме во близина на Кавадарци и пуштивме дел од она што треба да е експресен пат од Градско до Прилеп, односно делницата од Градско до Дреново. Можам да кажам интензивно се работи на делницата Дреново-Фариш на заштита на косини, на одредени безбедносни проблеми кои ги имаше и за многу скоро ќе можеме да видиме отварање и таму, истакна Николоски.

Можете да прочитате

Државата треба да им исплати 85.000 евра на адвокатите на Мијалков и на бранителите на другите обвинети за масовното прислушување во УБК

Сопругата на началникот на СВР Штип, била донатор на ВМРО-ДПМНЕ, објави СДСМ

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи