Утрински Весник
Македонија

Детали од МВР: Едно лице убиено, двајца повредени, четворица уапсени

Policija Cair.jpg

Вооружена пресметка синоќа во скопската општина Чаир заврши со еден загинат, тројца повредени и четири лица лишени од слобода.

Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен на 11 февруари 2025 година, во 00:06 часот, од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде биле донесени двајца мажи со прострелни рани – Х.Б. (35) и А.Д. (35), двајцата од Скопје. Лекарите потврдиле дека Х.Б. починал од здобиените повреди, додека А.Д. бил подложен на хируршка интервенција и задржан на лекување.


Дополнително, од престрелката со повреди завршил и Н.Д. (22), кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

По преземените истражни мерки, СВР Скопје приведе четири лица под сомнение дека учествувале во престрелката. Околу 01:40 часот, во болницата бил уапсен Б.Б. (39) од Скопје, додека на подрачјето на Чаир бил приведен Н.Д. (22). Подоцна, полицијата ги пронашла и привела и Р.Р. (41) и К.Т. (28), двајцата од Скопје.

Сите уапсени се задржани во полициска станица, а надлежните служби продолжуваат со истрагата. По целосно расчистување и документирање на случајот, против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, информираат од МВР.

Можете да прочитате

Премиерот Мицкоски утре во посета на општина Кавадарци

Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Владата ќе ги субвенционира ранливите граѓани со по 1000 денари за помали сметки за струја