Утрински Весник
Македонија

СДММ бара ревизија на случајот на Сергеј Попов, како добил парична казна за тешка сообраќајка!

Sdmm 1.jpeg

Интегрален текст од изјава на Јовица Јанковиќ. потпретседател на СДММ:

Младите се револтирани, гневни и бараат промена на системот кој ги загрозува, на системот што убива по улиците.


Пратеникот на ДПМНЕ и претседател на УМС, Сергеј Попов е дел од тој систем.

Јавноста има право да знае дали „системот што убива” го заштитил Попов, и дали тој добил привилегирана казна по налог на неговата партија.

Во 2014 година возел пијан, без возачка дозвола и направил тешка сообраќајна несреќа.

И наместо да се соочи со затворска казна, Попов поминал со парична казна од 500 евра – како да сторил обичен прекршок.

Јавно го поставуваме прашањето за селективноста на правосудниот систем во тоа време.

Дали ова е резултат на политички притисок и влијание од ВМРО-ДПМНЕ, партијата што тогаш ја држеше под целосна контрола судската власт?

Затоа овој случај мора да претпри целосна ревизија.

Сите добро знаеме дека во 2014 година судството беше под диктат на ВМРО-ДПМНЕ, под контрола на тефтерчињата на Гордана Јанкуловска.

Денес, Попов е дел од истиот тој систем кој убива, против кој тој лицемерно повикуваше на протести.

Затоа, бараме:

Итна ревизија на случајот на Сергеј Попов!

Објавување на сите факти за овој случај пред јавноста!

Оставка од Попов од функциите пратеник и претседател на УМС како минимум морален чин!

Време е за одговорност!

Можете да прочитате

Проф. д-р Срцева со едукативни препораки за феноменот селфи, актуелен кај младите, чии последици често се со фатален крај

Утре или најдоцна задутре Министерството за економија треба да ја достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите

Премиерот Мицкоски утре во посета на општина Кавадарци