Утрински Весник
Македонија

Промовирана веб страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Komisija Za Paricen Nadomestok Na Zrtvi.jpg

Со цел  полесен пристап и транспарентност во работењето на Комисијата, со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје изработена е веб страница, која ќе служи како основа за промовирање на правото на надоместок меѓу жртвите, институциите и јавноста.

Веб страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство е достапна  на следниот линк: www.komisijazanadomestoknazrtvi.mk.


Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство е новоформиран независен правен субјект кој одлучува за правото на паричен надоместок и за определување на видот и висината на паричниот надоместок на жртвите од кривично дело со насилство.

 Формирана е согласно Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство чија цел е да се обезбеди паричен надоместок за жртвите, како помош од страна на државата, согласно со начелото на општествена солидарност и да се спречи секундарна виктимизација како дополнително страдање што жртвите можат да го претрпат од односот на надлежните органи.

 Во изминатиот период, Комисијата постигна значителен напредок, вклучувајќи го правниот легитимитет за постапување како независно тело усвојувајќи го Деловникот за работа и процедурата за поднесување барања за паричен надоместок, што претставува важен чекор кон олеснување на пристапот до правда на жртвите од кривично дело со насилство.

Можете да прочитате

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

Мециновиќ Владата ја гарантира „шансата да изгубиш сѐ” –  коцкањето станува јавно-здравствена криза

На в.д. претседателот на Основниот суд Гостивар одземен му е пасошот