Утрински Весник
Македонија

ЕВН Хоум да ги корегира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови, бара Регулаторна

Struja 2.webp.webp

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) информира дека (согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувач во краен случај, член 10 став 8 ), сите домаќинства кои добиле сметки за електрична енергија и имаат прв пат фактурирана потрошувачка во четврт блок, ЕВН Хоме е должен да ги корегира сметките за електрична енергија и да направи соодветна распределба по блокови согласно историјатот на просечната потрошувачка на домаќинството во последните три пресметковни периоди.

Потрошувачите кои се незадоволни од пресметката на потрошената енергија и износот на сметката, (согласно член 37 од Законот за енергетика, Правилата за снабдување со електрична енергија и Правилата за постапување на приговори и разрешување на спорови, потрошувачите за секоја фактура), се додава во соопштението, имаат право да вложат приговор до универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ.


– Доколку потрошувачот не е задоволен од добиениот одговор или не добијат одговор во законски предвидениот рок (од 8 дена), имаат право да поднесат приговор до РКЕ како второстепен орган. За приговорот до РКЕ нема пропишано посебна форма/формулар и кон истиот треба да приложат: копија од вложениот приговор до ЕВН ХОМЕ, одговорот од ЕВН ХОМЕ и копија од сметката по која приговараат. Приговорот може да се достави во архивата на РКЕ или електронски по е-маил на erc@erc.org.mk и potrosuvaci@erc.org.mk ., појаснуваат од РКЕ и додаваат дека против решенијата на РКЕ незадоволната странка може да поведе Управен спор.

Од 1 јануари 2025 година цената на струјата за просечна потрошувачка во сите четири блокови е зголемена за помалку од еден процент (0,92 %). Конкретно во прв блок цената е зголемена за 0,68%, додека во втор блок цената е зголемена за 0,90 %

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, се подвлекува во соопштението, ги повикува политичките партии да не ги политизираат одлуките на РКЕ кое е независно тело.

Можете да прочитате

Владата ќе го разрешува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Владата ќе ги субвенционира ранливите граѓани со по 1000 денари за помали сметки за струја

Владата тргнува во разрешување на државниот обвинител Коцевски