Утрински Весник
Македонија

Меџити – Адерхолт: Партнерството со САД – Стратешки столб за Северна Македонија

Im Adelhort E1738743297131.jpg
Dik 300x250 mk

Претседателот на Демократското движење и прв вицепремиер на Северна Македонија, Изет Меџити, оствари значајна средба со републиканскиот конгресмен од Алабама, Роберт Адерхолт.

На оваа пријателска средба се разговараше за повеќе клучни прашања кои ги засегаат односите меѓу Северна Македонија и САД, со посебен акцент на зајакнувањето на стратешката соработка меѓу двете земји. Двете страни се согласија дека продлабочувањето на овие односи треба да остане заеднички приоритет.


Првиот вицепремиер Меџити ја потврди непоколебливата заложба на Северна Македонија за европска интеграција, истакнувајќи дека земјата останува фактор на стабилност во регионот. Тој ја нагласи важноста на сојузништвото со САД како неопходна поддршка за развојот и безбедноста на земјата.

„САД се нашиот главен стратешки партнер и нивната континуирана поддршка останува гаранција за иднината на Северна Македонија. Ја цениме силната и натпартиска посветеност на Соединетите Држави во поддршката на нашиот евроатлантски пат”, истакна Меџити.

Конгресменот Адерхолт, од своја страна, ја потврди посветеноста на САД за зајакнување на партнерството со Северна Македонија и поддршката за нејзината интеграција во евроатлантските структури.

Можете да прочитате

Македонија и Бугарија ќе го потпишат Договорот за изградба на меѓуграничниот железнички тунел

Мемов од ЗНАМ се дообјаснува за ВРЕДИ: Зборував од мое лично име, а не во име на партијата

Министерот Љутков учествува на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО во Самарканд, Узбекистан