Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Под притисок на јавноста сменета е директорката на Козле

1729964432 Sdsm.jpeg

Разрешувањето на в.д. директорката на Клиниката Козле е директен резултат на силниот притисок од јавноста, граѓаните, медиумите и политичкиот притисок на СДСМ. Ова е доказ дека неспособноста, мобингот и злоупотребите на Клиниката Козле за кои алармираше СДСМ се целосно потврдени иако власта со месеци ја штитеше, велат од партијата.

„На ДПМНЕ и на Таравари треба да им биде јасно дека нема да поминат незабележано и дека одговорност мора да има за хаосот во здравството. Ја охрабруваме јавноста да остане будна и гласна, бидејќи секој компромис со здравствениот систем директно ги загрозува граѓаните. Очекуваме новата директорката на Клиниката Козле веднаш да почне да ја санира штетата од погрешното менаџирање на сега веќе разрешената и да ја врати на работа докторката која после 27 години беше насилно избркана на улица. СДСМ е на страна на граѓаните и на професионалците во здравството. СДСМ ќе продолжи да се бори против партизацијата и несоодветните кадровски решенија во здравството, затоа што здравјето на граѓаните е над партиските интереси на ДПМНЕ и нивните коалициски партнери, тврдат од СДСМ.


Можете да прочитате

Идната година студентите ќе се вселуваат во домот „Кузман“, до крајот на мандатот на Владата ќе бидат реновирани сите студентски домови

Обвинетиот за нападот на градоначалничката Арсовска не се чувствува виновен, започна доказната постапка

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи интерпелацијата за јавниот обвинител Коцевски