Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека утре поради дефект и изведување на водни приклучоци делови од скопските општини Карпош и Кисела вода ќе бидат без вода.
-поради,изведување на водоводен приклучок од Ф-300 мм на ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.106, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Тафталиџеи населба Нерези 09:00 часот до завршување со активностите. (општина Карпош)
-поради санирање на дефект на два затварачи од Ф-125 мм и Ф-100 мм на ул.Васил Чакаларов бб (Митрополит Теодосиј Гологанов) ,со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од населба Тафталиџе и населба Нерези 09:00 часот до завршување со активностите. (општина Карпош)
– поради водоводен приклучок од ф 200мм на ул Иван Козаров бр 51 .без вода ке останат корисниците од следните улици Иван Козаров,Боте Ботевски,Дичо Петров,Божидар Аџија, дел од ул Георги Димитров и дел од ул Вера Јоциќ.Водоснабдувањето ке биде прекинато од 08:00 часот до завршување на интервенцијата.(општина Кисела Вода)