Утрински Весник
Свет

Песков: Соработката меѓу САД и Украина во експлоатација на ретки метали е воена помош за Киев

Peskov.jpg

Идејата за соработка меѓу Украина и САД на полето на експлоатација на ретките метали претставува обезбедување воена помош на комерцијална основа, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Ова е предлог Украина да купи американска помош, односно повеќе да не ја добива бесплатно или на некој друг начин, туку на комерцијална основа“, рече Песков, додавајќи дека е подобро да не се дава никаква помош на Киев и на тој начин да се придонесе за ставање крај на конфликтот, се вели во извештајот на агенцијата Интерфакс.


Повикувајќи се на неименувани извори, Њујорк Тајмс и Фајненшл Тајмс претходно објавија дека Украина е подготвена да соработува со САД на полето на експлоатација на ретки метали во замена за долгорочни гаранции дека овие ресурси нема да стигнат до Русија.

Можете да прочитате

Пензионери освоија 12 милиони евра, а со денови не знаеле: Тикетот им стоел на фрижидер

Пукано во автомобил на полски европратеник

Шпанскиот премиер Санчез бара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт