Утрински Весник
Македонија

Министерот за правда ја отстрани судијката Алексовска поради спасувањето на Васил Јованов

Filkov I Perik 1140x570 1 1024x512.avif.avif.avif

Министерот за правда, Игор Филков ја разрешил судијката Даниела Алексовска Стојановска, од позицијата член на Работната група за Кривичниот законик во рамките на министерството, поради реакцијата дека судијата претходно го спасила Васил Јованов, кој бил фатен со наркотици.

Наместо да биде во затвор, во пијана состојба, без возачка дозвола и на црвено светло, смртно ја прегазил 22-годишната Фросина Кулакова. Филков побарал од Судскиот совет да ја разгледа постапката на судијата.


Како што револтот на граѓаните кои бараат одговорност продолжува, претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски нагласува дека случајот ќе биде испитан и ако има прекршоци ќе има санкции.

Јованов, кој на 29 јануари, возејќи во пијана состојба, без возачка дозвола и поминувајќи на црвено светло, ја прегази и ја усмрти младата Фросина. И покрај тоа што бил фатен со марихуана и кокаин, наместо да заврши во затвор, судот изрекол мерка за праќање во едукативно-поправниот дом во Тетово. Сепак, Јованов не отишол во поправниот дом бидејќи случајот е во жалбена постапка.

Можете да прочитате

Владата ја усвои новата стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Давкова на средба со претставници на Македонците во Албанија: Обврзани сме да помагаме во решавање на проблемите

Џабир Дерала: Сакаат да ме замолчат, јас сè уште зборувам