Утрински Весник
Свет

Путин: Трамп многу брзо ќе го врати редот

Putin3.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп со својот лик многу брзо ќе го врати редот, а европските елити ќе застанат пред нозете на својот господар и нежно ќе мавтаат со опашката, изјави рускиот претседател Владимир Путин за телевизијата „Русија 24“.

-Сега има некаква мешаница меѓу европските политички елити и новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Дали нешто се промени од времето на Бајден? Ништо не се промени. Тие беа среќни што ги извршуваа сите наредби на Вашингтон под Бајден – рече Путин.


Како што истакна, на „европските елити“ повеќе им се допаѓа Џозеф Бајден, додека „Доналд Трамп има различни идеи за тоа што е добро, а што лошо, вклучително и за прашањето за полот“.

-Ве уверувам: Трамп, со својот карактер, со својата упорност, ќе го врати редот таму доста брзо. И сите, ќе видите, ќе се случи брзо, наскоро, сите ќе застанат пред нозете на својот господар и полека ќе мавнат со опашката. Сè ќе си дојде „на свое место“ – нагласи Путин.

Рускиот претседател го нарече срамно тоа што Русија не била поканета на комеморативните настани по повод годишнината од ослободувањето на Аушвиц, пренесува Спутник. Тој изрази изненадување поради „фактот што поканата ја добиле оние кои го сметаат нацистот Степан Бандера за херој“.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот