Утрински Весник
Македонија

Возачот Васил телефонот го набавил од притвореник, платен е надвор од затворот, пренесен е во опаковка со колачи

Vasilmobilen.jpeg

Возачот Васил Јованов кој во средата вечерта со возило ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“ го набавил телефонот од притвореник кој е од Гевгелија, а издржува притвор во затворот во Шутка, дознава „Скопје1“.

Според извори во установата, телефонот бил пренесен од ќелија во ќелија преку затворена опаковка колачи. Услугата чинела 250 евра, а бидејќи Јованов ги немал внатре, парите биле платени кај блиска роднина на затвореникот, од страна на лице блиско до Јованов. Но останува отворено прашањето како и кога бил внесен телефонот во затворот, покрај сите контроли и метал-детектори низ кои минуваат пратките за затворениците.


Неофицијално, според правилниците, строго забрането е да се пренесува било што, па макар и храна, од ќелија во ќелија.

Уште од првиот ден, кога Јованов влегол во притвор, почнал да бара телефон. Иако е јавна тајна дека уреди има низ повеќе ќелии, никој не се осмелил да му даде. Сепак, овој муабет стигнал до притвореник кој е во затворот повеќе од година. Тој се понудил да му обезбеди, но и да биде платен.

Најтешкиот дел бил како да се пренесе телефонот од ќелија во ќелија. Па, за тоа искористиле дежурен вработен кој го обезбедувал тој дел од затворот. Притвореникот го замолил затворскиот полицаец да однесе благо до соседната ќелија, под изговор дека немале и им барале, тврдат затворски извори за „Скопје1“. Полицаецот не се посомневал и само им ја подал опаковката со колачи.

Договорот бил, плаќањето на уредот да биде надвор од затворот, бидејќи Јованов со него немал пари.

Повеќе прочитајте на Скопје1.мк

Можете да прочитате

Лефков: Филипче да каже колку пари и плаќале на судијката која го ослободи убиецот или примиле донација од неа?

ОЈО: Се вршат претреси низ Скопје за примање и давање поткуп и проневера

СДСМ: Дрзок непотизам во Владата на Мицкоски, синот Андоновски министер, таткото советник