Утрински Весник
Свет

Трамп: Производите од ЕУ сигурно ќе добијат царини

20250201091917 Big 730x400 87.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обнови своите закани за воведување царини на производите од Европската унија, обвинувајќи ја Унијата за нефер трговски практики.

Говорејќи синоќа во Белата куќа Трамп рече дека „апсолутно“ ќе воведе царини за стоките од ЕУ, додавајќи дека САД се третирани „ужасно“ и тврдејќи дека европските пазари се главно затворени за американскиот извоз.


-Не ни ги земаат автомобилите, не ни ги земаат земјоделските производи, во основа, ништо не земаат, рече тој.

Американскиот претседател укажа на големиот трговски дефицит меѓу САД и ЕУ, ветувајќи дека ќе преземе „значајни“ мерки против Унијата, иако не даде дополнителни детали.

За време на неговата изборна кампања, Трамп ги спомна плановите за воведување нови царини од 10 до 20 отсто на увозот од ЕУ, велејќи дека тоа ќе ја поттикне домашната индустрија и ќе го реши трговскиот дефицит.

За време на првиот мандат на Трамп, имаше жесток трговски конфликт меѓу САД и ЕУ. Во 2018 година, Трамп воведе царини за увоз на челик и алуминиум, што ја натера ЕУ да одговори со царини за американски производи како што се бурбон, мотоциклите „Харли-Дејвидсон“ и фармерките.

Можете да прочитате

Трамп рече дека Венецуела ќе прифати депортирани мигранти, вклучително и членови на криминална група

Лондонските тунели стануваат нова туристичка атракција

ЕУ бара инструменти со кој парите на Европејците „ќе работат, наместо да спијат“