Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Исчистен сметот од улиците „Рузвелтова”, „Павел Шатев”, и зад Соборниот храм

Whatsapp Image 2025 01 31 At 12.26.56.jpeg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Службите на Општина Центар, утрово го исчистија сметот од улиците „Франклин Рузвелт”, „Павел Шатев” (Бихаќка) и зад Соборниот храм кои се под надлежност на Град Скопје.

„Ова утро, го исчистивме сметот од улиците „Франклин Рузвелт” и „Павел Шатев” (Бихаќка) кои се под надлежност на Град Скопје. Со камион на Општината се собра целото ѓубре коешто беше оставено да стои. Апелирам до Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска викендов да го соберат сметот од улиците на Центар кадешто имаат надлежност, да не се повтори глетката како од минатиот викенд. Мораме да ја одржуваме хигиената во општината на највисоко ниво, здравјето на граѓаните и заштитата на животната средина се најважни. Центар не чека, Центар чисти”, вели Герасимовски.


Општина Центар, изминатава недела почна голема акција за чистење на сметот низ улиците во Центар, откако Град Скопје потфрли.

Граѓаните можат да пријават смет и диви депонии на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски повторно избран за претседател на ЗЕЛС

Поранешниот директорот на ,,Комунална хигиена” обвинет за загрозување на животната средина

Герасимовски: Централата на училиштето „Киро Глигоров” веќе носи пониски сметки