Утрински Весник
Македонија

Ни следува краткотрајна, но вистинска пролет – Температури до 20 степени!

Meteoalarm.mk 59 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес и утре (31 јануари и 1 февруари) во Македонија ќе има многу повеќе сончеви периоди и ќе биде невообичаено топло за овој период од годината со температури значително над просекот за овој дел од годината. Сепак, по котлините, особено во утринските, претпладневните  и повторно во ноќните часови ќе има појава на магла или ниска облачност. Ќе дува претежно слаб ветер од променлив правец.


Што се однесува до температурите, тие ќе бидат пролетни на повеќе места низ Македонија и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, а не се исклучува можноста во југоисточните предели тие да се искачат  и до околу 20 степени.

Во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 16 степени.

Во недела ќе имаме поголема облачност, а ќе има и појава на повремен локален дожд, а на високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) ќе има услови за послаби врнежи од дожд и снег или влажен снег.

Можете да прочитате

Тригодишно дете заболено со голема кашлица – Нов случај пријавен во Македонија

СДСМ: Власта со новите цени на парното продолжува уште посилно да го осиромашува народот

ЕСМ: СДСМ ја злоупотребува одлуката на РКЕ за дневен популизам