Утрински Весник
Македонија

Внимание: Не растат платите туку цените – следува бојкот!

Whatsapp Image 2025 01 29 At 11.54.58 Pm 1024x808 1.jpeg
Dik 300x250 mk

„Внимание“ ги праша граѓаните „Дали големите маркети се главна причина за скапотијата, или нешто друго?“ А, еве што велат тие: „Со тоа што не растат платите, а цените се зголемуваат, тоа предизвикува бунт меѓу народот, да протестираат, да бојкотираат…“, „Стварно се цените кренати многу високо, и на овие примања што ги имаме ние, се неиздржливи, затоа народот и се буни и плаче“. „Мислам дека се големите маркети, и дека се договараат за цените, и нагло ги покачуваат цените“.

На прашањето „Ќе се придружите ли на најавениот бојкот на маркети во петок?“, сите граѓани изјавија дека ќе се придружат: „Милијарда посто ќе се приклучам… треба сите да речат „не влагаме во маркетите“, и да видиме што ќе прават после тоа, они зависат од нас, нели“, „Нормално, тоа треба сите да станат од дома, не да спијат“, „секако дека ќе се придружам, затоа што едноставно, не се истрпува“, велат граѓаните.


На прашањето, „Што мислите, ќе придонесе ли бојкотот на маркети за намалување на скапотијата?“ , еден наш познат актер изјави: „Ќе има ефект, ќе се вразумат веројатно, ќе сфатат дека стварно претераа…“.

Извор: Редакција Трн.мк

Можете да прочитате

Заменик министерот на МВР: Нула толеранција за говор на омраза кон Албанците

Потврден притворот за Рустеми и Саити – обвинети за загрозување на животната средина со отпад

Филипче: Ја слушаме јавноста и ќе ги направиме неопходните кадровски промени во СДСМ