Утрински Весник
Македонија

МЖСПП: Со 1,5 милиони евра обезбедени од ЕУ ИПА 2 програма ќе се подобрува правната рамка за квалитет на воздух

Whatsapp Image 2024 12 19 At 08.57.03.jpeg

magla zagadenost vozduh soobrakaj

Со поддршка на ЕУ ИПА 2 Програмата , во номври 2024 година започната е имплементацијата на проект со кој ќе се доусогласува законската рамка за квалитет на воздух со европските регулативи.

Во рамките на двогодишниот проект за кој Европската Унија обезбеди средства во висина од 1,5 милиони евра целосно ќе се транспонираат европските директиви (2008/50/EC, 2004/107/EC и 2016/2284/EC) во националното законодавство односно ќе се докомплетира законската легислатива за воздух. Согласно директивите ќе се изработи комплетно нов закон за квалитет на амбиентен воздух и повеќе подзаконски акти, односно правилници што ќе ги следат барањата на ЕУ директивите и со тоа ќе се обезбеди поголема уреденост на оваа област. Исто така, ќе се подготват и планови за имплементација на директивите за квалитет на воздух со вклучени фискални импликации за нивно спроведување.


Во рамките на проектот ќе се изработат националните плански документи за заштита на амбиентниот воздух што произлегуваат од Законот за квалитет на амбиентен воздух, во кои ќе се дефинираат и приоретизираат мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во соработка со надлежните институции.

Во исто време ќе се работи на подобрување на националниот инвентар за емисии во воздухот и подготовка и спроведување на план за мониторинг на тешки метали, полициклини ароматични јаглеводороди и испарливи органски сооединенија. Согласно зголемениот обем на мерења ќе се воспостават зони и агломерации за овие супстанци.

Во исто време ќе се работи и на зајакнување на административните капацитети за нивно спроведување и со тоа подобрување на квалитетот на воздухот.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ бара најстрога казна за возачот кој ја усмрти Фросина и повикува институциите да постапуваат според закон

ВМРО-ДПМНЕ бара на најстрога казна за возачот кој усмрти 22 годишна девојка на Партизанска

Изет Меџити: Србија е полудемократски режим