Утрински Весник
Економија

Мицкоски: Супермаркетите и други трговски објекти ќе бидат подложни на контроли

29012025 Mickoski Kasarna Goce Delcev 10.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што поточно се разговараше на состанокот на тема – цените во маркетите, одржан утрово во Владата, изјави:

„Да утрово, пред да дојдам на овој настан имав координација со министерот за економија и труд, заменикот, претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата и директорот на Државниот пазарен инспекторат на којшто договоривме чекори коишто ќе се случат почнувајќи од денеска.


Знаете дека за време на вчерашната прес-конференција, на самата иста прес-конференција беа потенцирани два ланци на маркети коишто, од страна на ваши колеги, коишто можеби, според нивното кажување, прават одредени, би рекол изигрувања на законите и процедурите и денеска истите тие ќе подлежат на ригорозна контрола и деновиве коишто следат. Бидејќи според информациите со коишто располагаме, имаме отприлика околу 20.000 коминтенти по ланец супермаркети и ќе треба да длабоко се навлезе во тоа да видиме дали постојат вакви индиции.

Но, истовремено и други трговски, би рекол, објекти ќе бидат подложни на ваков тип на контроли, бидејќи стандардот на граѓаните е наш приоритет и ние ќе сториме сѐ како Влада да го заштитиме стандардот на граѓаните. И тоа треба сите да го знаат и да знаат дека сме сериозни и овој напад, го сфаќаме како напад врз стандардот на граѓаните, а ние како Влада имаме право и обврска да го штитиме интересот, јавниот и интересот и стандардот на граѓаните.”

Можете да прочитате

Над 25% од енергијата во ЕУ лани била од обновливи извори, во Македонија 21,8%

Синдикалната минимална кошница за декември изнесува 65.492 денари, со зголемување од 319 денари

Visa и Mastercard ќе платат 167,5 милиони долари за спогодба за банкоматските такси