Утрински Весник
Свет

Бидете внимателни со „Дип сик“, предупредува Австралија

Deep Seek Epa 2 R0pqkqb39baosxc0gxlqnb9h00xkzpkzjmz0j4oejk.jpg

Aвстралискиот министер за наука Ед Хусич стана првиот член на западна влада кој изрази загриженост за приватноста при користење на „Дип сик“. Кинеската технологија, од „Хуавеј“ до „Тик-ток“, постојано беше предмет на обвинувања за наводните врски на компаниите со кинеската држава, што доведе до стравувања од потенцијално собирање на податоци од луѓе за разузнавачки цели.

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека „Дип сик“ е повик за будење за САД, но не сугерираше дека тоа е закана за националната безбедност. Наместо тоа, тој рече дека кинескиот чет-бот може да биде дури и добра работа ако ги намали трошоците.


Сепак, Хусич изјави за „Еј-би-си Њуз“ дека многу прашања остануваат неодговорени, вклучително и оние за „управување со податоците и приватноста“.

„Би бил многу внимателен во врска со ова, ваквите прашања треба внимателно да се мерат“, рече тој.

Корисниците во Велика Британија и САД досега не покажаа таква претпазливост. „Дип сик“ веднаш скокна на врвот на продавниците за апликации во двете земји.

Политиката за приватност на „Дип сик“ наведува дека собира голема количина лични податоци на корисниците, кои потоа се складираат „на безбедни сервери“ во Кина.

Овие податоци може да вклучуваат:

вашата адреса за е-пошта, телефонски број и датум на раѓање, внесени при креирањето на вашата сметка, сите внесувања на корисникот, вклучувајќи текст и аудио, како и историја на разговори, таканаречени „технички информации“ – почнувајќи од моделот на телефонот и оперативниот систем до вашата IP адреса. Беше објаснето дека овие податоци се користат за подобрување на „Дип сик“ со зголемување на неговата „безбедност и стабилност“. Овие податоци се споделуваат со други, даватели на услуги и рекламни партнери, кои ќе ги чуваат „колку што е потребно“.

Иако апликацијата собира многу податоци, аналитичарите истакнува дека политиките за приватност се многу слични како оние на „Чет џи-пи-ти“ и „Џемини“, па дури и социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Децата во САД ја губат вештината за читање

Фајнешал тајмс: ЕУ размислува да купи руски гас

Рубио вели дека Трамп е сериозен за купување на Гренланд