Утрински Весник
Свет

Шлапка: Полска е амбициозна и посветена на проширувањето на ЕУ 

20250128104415 Big 730x400 34.webp.webp

Проширувањето на ЕУ еден од приоритетите на полското претседавање и Полска е амбициозна и посветена на овој процес, изјави денеска полскиот министер за Европската Унија, Адам Шлапка пред почетокот заседанието на Советот за општи работи на ЕУ во Брисел.

– Но, напредокот на зависи само од Претседателството. Напредокот зависи и од Комисијата, напредокот зависи и од земјите членки и секако и од кандидатите за членство, рече Шлапка, додавајќи дека Полска има амбициозна програма во однос на проширувањето.


Тој додаде дека полското претседателство ги чека извештаите од Европската комисија и е подготвена прашањето за проширувањето да го „стави на маса“ пред Советот на ЕУ.

Во однос на протестните собири во Србија, Шлапка рече дека протестите се дел од демократијата и со нив луѓето го искажуваат своето мислење.

Во одговор на новинарско прашање за ставот на Полското претседателство за овие протести, Шлапка изјави дека на нив се гледа и како на еден вид поддршка за напредокот на Србија кон Европската Унија.

– Ние сме решени да го забрзаме процесот на проширување, вклучително и во однос на Србија, додаде Шлапка.

Приоритетите на Полското претседателство со ЕУ во првите шест месеци од годинава се главна тема на денешното заседание на Советот за општи работи на Европската Унија.

Можете да прочитате

Нема преживеани во сударот меѓу патничкиот авион на „Американ ерлајнс“ и воениот хеликоптер над Вашингтон

Најмалку 30 тела извлечени од реката Потомак по судирот на авион и хеликоптер кај Вашингтон

Маж избоден со нож во вратот во Франција: случајно се удрил во напаѓачот додека поминувал