Утрински Весник
Скопје

Утре без струја делови од неколку скопски општини

Struja 1.webp.webp
Dik 300x250 mk

 Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Бутел и Карпош, соопшти РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Тодор Чангов“, поточно од раскрсницата со „Тодор Чангов“ бр.10 до раскрсницата со „Ѓорги Капчев“ бр.25 во Општина Аеродром.


Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „30“ и „Радишанска“ во Општина Бутел.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од Булеварот „Партизански одреди“ во околината на казиното Астра во Карпош 4 и дел од корисниците на Долно Нерези во Општина Карпош.

Можете да прочитате

Нови избори, стари финти: Исклучени лифтови во Аеродром, се оневозможува пристап до избирачко место

Денеска посебен сообраќаен режим поради Задушница

Членови на СДСМ од Карпош со полна поддршка за Стевчо Јакимовски