Утрински Весник
Скопје

Денеска и утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Poseben Rezim.jpg

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска (27.01.) и утре (28.01.2025) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува Претседателот на Собранието на Република Црна Гора, Андрија Мандиќ и поради тоа Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.


Можете да прочитате

Карпошово културно лето: Уметност, музика и креативна енергија 

Меџити: Пријателството меѓу Северна Македонија и Турција останува силен мост на соработка

Пет мини библиотеки со европска книжевност поставени низ Скопје