Утрински Весник
Свет

Александар Лукашенко потврди уште еден претседателски мандат

Aleksander Luaksenko.jpeg

Актуелниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко, според излезните анкети, при изборот за шеф на републиката добил 87,6 отсто од гласовите.

Ова го соопшти претседателот на белорускиот комитет на младински организации, Павел Алексо.


„За Олег Гајдукевич гласале 1,8 отсто, за Ана Канопатскаја 1,6 отсто, за Александар Лукашенко 87,6 отсто, Сергеј Сиранков добил 2,7 отсто од гласовите, Александар Хизнијак – 1,2 отсто“, рече тој.

Излезноста на изборите до 18 часот е 81,5 отсто, изјави секретарот на Централната изборна комисија на Белорусија, Елена Балдовскаја.

Во Белорусија има 5.325 избирачки места.

Право на глас имаа 6,9 милиони граѓани.

Можете да прочитате

Русија соопшти дека погодила три пловила во пристаништето Черноморск, како и магацин за дронови и фабрика во Одеската област

Меркел им порача на Германците дека „нема бесплатен ручек“ и ги повика да ја бранат демократијата

Два брода нападнати во близина во Ормуската Теснина во близина на Оман