Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно, во среда повремен дожд

Dozd.jpg

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по котлините со магла и ниска облачност. Претежно долж Повардарието ќе дува слаб ветер од јужен до југоисточен правец.

Како што информираат од УХМР, минималната температура е во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени Целзиусови.


Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, наутро со магла и претежно тивко.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно, а особено на повисоките места и на планините и релативно топло време. Висината на снежната покривка позначително ќе се намалува од средината на следната недела. По котлините и понатаму од наутро ќе биде со магла и постудено.

Повремени врнежи од дожд претежно во западните делови ќе има во среда.

Можете да прочитате

Студен бран со снег и силен јужен ветер, најобилни врнежи во западните делови

Северна Кореја тврди дека јужнокорејски дрон влегол во нејзиниот воздушен простор пред неколку дена

ЦУК: Поплавени дворови и земјоделски површини, одрони на повеќе патни правци