Утрински Весник
Македонија

Кекеновски: Одговорност за недопирливите, браво за Хајрулахи

Whatsapp Image 2025 01 24 At 11.52.55 Ef5afd5c.jpg

Пишува: Проф д-р Јове Кекеновски

После вчерашното интервју на суспендираниот јавен обвинител, шеф на Вишто јавно обвинителство Скопје, МУСТАФА ХАЈРУЛАХИ се чудам како досега Советот на Јавни обвинители не постапувал согласно своите надлежности, не видел поточно не одлучувал за утврдување на нестручно и несовесно вршење на функцијата јавен обвинител иако несовесното и корумпирано работење на дел од обвинителите е јавна тајна не само меѓу обвинителите и судиите туку и пошироко.

Со оглед на сериозните обвинувања кон одредени актуелни обвинители (посочени по име и презиме од Хајрулахи) во оваа ситуација Советот на јавни обвинители е должен итно да постапи согласно член 9 став 1 алинеи 4 и 6 од Законот за совет на јавни обвинители односно да донесе одлука за привремено оддалечување од функцијата јавен обвинител на сите посочени обвинители односно истите да ги суспендира со цел да се спроведе независна истрага по искажаните тешки и сериозни обвинувања од страна на Хајрулахи.


Ова треба да биде почеток на крајот и почеток на одговорност за досега недопирливите.
Членовите на Советот на јавни обвинители не треба да се плашат од бројката на обвинители чија работа треба да се преиспита и секако итно да и објаснат на јавноста како и зошто досега ги затварале очите и ушите пред ваквото несовесно и кабадахијско работење на дел од обвинителите.

По се изгледа дека помеѓу Советот на јавни обвинители и обвинителите функционирала онаа народната

,,Ти мени војводо, ја теби сердаре, иако ми знамо каква смо г……а”

Можете да прочитате

Клековски: „8 Септември“, Штип, Битола и Тетово или ќе третираат и со биолошка терапија или нема потреба од онколошки одделенија што не работат

Вработен во ЈП вршел наплата во домови низ тетовско – парите наместо на благајна, си ги ставал во џеб

Магла во Битола и Прилеп, видливост од 100 до 150 метри