Утрински Весник
Свет

Украинските хакери го нападнаа рускиот мобилен оператор „МегаФон“

20241111130737 Big 730x400 32.webp.webp

Кибер специјалистите на украинското Министерство за одбрана извршија голем напад врз системите на „МегаФон“, еден од најголемите мобилни и интернет оператори во Русија, јавија украинските медиуми повикувајќи се на разузнавачки извори.

Според нив, жителите на Москва, Санкт Петербург и многу централни региони на Руската Федерација од вчера утрото почнаа да се жалат на прекини во мобилните комуникации, интернетот, како и на лошото работење на многу мобилни услуги и апликации. За неколку часа, „Роскомнадзор“ потврди дефект на инфраструктурата“ на компанијата „МегаФон“.


Украинските разузнавачки служби соопштија и дека успешниот кибер напад ја попречил работата и на комуникациските и интернет операторите „Јота“, „НетБиНет“. На Русите привремено им е забранет и пристапот до интернет сервисите како „Стим“, „Твич“ и „Дискорд“.

Во соопштението се наведува дека припадниците на Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина уништиле важна сателитска опрема во руската област Тјоткино.

Можете да прочитате

Силен земјотрес ја погоди Турција, граѓаните известија дека бил добро почувствуван

Нетанјаху: Израелското обвинителство ја излудува земјата со бесмислените обвинувања против мене

Папата Франциско: Католичката црква за заеднички датум за Велигден